Зоран Заев во изјава за Алсат потврди дека во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство, односно дел од Владата. Алсат побарал и став од Гаши дали ќе одговори на повикот на Заев. Засега нема конкретен одговор.