По неколкунеделни медиумски препукувања, Владата на денешната седница одлучила да го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Детали за одлуката Владата најави во официјално соопштение до јавноста.
Заев деновиве најави дека Пауновски ќе биде разрешен поради „пркосот“ и одбивањето да стави потпис на 35-те рамковни вработени и да не почитува хиерархија.
Пауновски до последно остана на ставот дека нема да ги потпише решенијата за вработувањата кои ги доби од Министерството за политички систем од кај Груби. Според него на Државниот пазарен инспекторат не му требаат административци, туку инспектори и дека нема да стави потпис на решенијата и по цена да биде разрешен.