Со мотоцикл од 1.600 кубика, чија регистарска табличка ги носи неговите иницијали, на форумот Делфи пристигна поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, а во друштво на Венко Филипче, пишува грчкиот портал Вориа.
Заев за грчкиот интернет портал Вориа објаснил дека патувањето почнало на 22 април од Скопје. Тој возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал и за Пелопонез. Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде ќе се обрати на економскиот форум. Потоа тој ќе го продолжи патувањето за Солун, од каде се очекува да замине на Халкидики.
Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, извршниот директор на „Номагас“, Бајрам Реџепи и поранешниот премиер Зоран Заев, на одвоени панел дискусии, денеска ќе учествуваат на осмиот Делфи економски форум во Грција.