Зоран ЗАЕВ
Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите – ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе остане и за идните поколенија, дури и во вонредни околности.
-Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 км водоводи и канализации.
– Северна Македонија во 2019 и во 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.
-Со помош на нашите европски партнери, изградивме 3 пречистителни станици на главните еколошки текови во државата. Чистата животна средина носи поздраво население.
Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин.