Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека германскиот ланец маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе има обрска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.
– „Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје . Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев.
Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.
– „Лидл“ ќе има обрзска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа, рече тој.