Пет години од денот кога црвената боја ја вративме таму каде што припаѓа, кај граѓаните, објави денеска бившиот премиер и актуелен претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
– На 17 мај 2015 рековме „ние доаѓаме“. И дојдовме со срце, го победивме режимот, ја вративме слободата, обединети и одлучни. Денеска живееме во слободна, демократска и праведна држава – членка на НАТО, на сигурен пат кон Европската Унија, објави Заев на Фејсбук.