Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку својот Фејсбук профил апелира граѓаните со резерва да ги земаат непроверените вести кои се пласираат за коронавирусот.
– Граѓаните, целокупната јавност со резерва да ги земаат лажните, непроверени и сензационалистички вести што одредени медиуми, а пред сѐ интернет портали, ги пласираат за вирусот Ковид-19. Сега, кога институциите прават сѐ за да се справат со вирусот, неодговорно е да се пласираат лажни вести и дезинформации кои предизвикуваат паника меѓу граѓаните, вели Заев.
Апелира јавноста да се насочи кон вистински и кредибилни извори на информирање, првенствено кон информациите што ги соопштуваат Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.
– Превенцијата е најдобра заштита од вируси и затоа важно е секој да ги следи препораките од медицинските лица, порачува Заев.