Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес – конференција изјави дека на Владата е да оцени дали ќе прогласи вонредна состојба во земјата за спречување на ширењето на коронавирусот, имајќи ги предвид здравствените аспекти.
-Јас оставам на Владата да ги оценува ваквите работи, ние политичарите сме оставени по страна да бидеме асистенција, за тие професионално да си ја завршуваат работата. Сите мерки кои се преземени кај нас дури и предничат во однос на оние земји каде има прогласено вонредната состојба. Но вонредна состојба некогаш се прогласува и заради алатка за менаџирање на ситуациите. Пред се мислам на здравствените аспекти. Така што верувам дека Владата ќе ги има предвид сите тие аспекти… Но, не случајно земјите околу нас прогласија вонредна состојба – и Албанија, Косово, и Србија и Грција. Веројатно и ние ќе се движиме кон тоа затоа што тоа е посериозна алатка за полесно и поуспешно менаџирање на ваква криза предизвикана од коронавирусот, рече Заев на новинарско прашање.
Тој посочи дека работи и координинира со нивните политички претатставници во Владата и дека денеска ќе имаат една координација, а вечер ќе следи уште една. Во цел период, како што рече, помагаат ресурно со експертиза околу економските мерки кои верува дека за многу брзо време ќе ги објават потпретседателката на Владата, министерката за финансии, министерот за економија и гувернераката заедно, за што се прават конечните анализи.