Претседателот на СДСМ, Зоран Заев додека е на годишен одмор го посети селото Љубојно во Преспа и напиша „Дома си е дома“.
-Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ.
Тој замина на одмор веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори.