И денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук се расфрла со евра, и тоа во суми од милијарди, за инвестициски циклус кој ќе следувал. Всушност ги „троши“ веќе еднаш објавените милијарди за објавениот циклус:
– Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика – со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот. Инвестираме и во нов Клинички центар, во земјоделството и руралниот развој, во пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на сите граѓани, објави Заев на Фејсбук.