Зоран Заев вечерва на јавна дебата во Неготино ја побара поддршката од жителите на оваа општина за реализација на инвестицијата за отворање фабрика за обработка на отпад, што треба да биде лоцирана на пет километри од село Дуброво.
Заев истакна дека проектот ќе има големо влијание во намалувањето на емисијата на штетните гасови во 48 општини, ќе го намали микробиолошкото загадување, загадувањето на почвата и подземните води, како и дека ќе ја спречи појавата на неконтролирани пожари во сите диви и регулирани депонии.
Проектот, како што рече, ќе има директно влијание и врз постоечките депонии, со нивно постепено санирање и отстранување во сите 48 општини. Ќе поттикне директно економски развој, како и заштита на животната средина и здравјето на населението, ќе креира нови работни места и ќе овозможи ангажирање локални компани.
Премиерот прецизира дека се работи за инселератор со примарната селекција на отпад и кој работи на бескислородоно согорување, односно, нагласи, нема оџак и е затворен систем.
-Нема издувен дел којшто излегува надвор за да има загадување. Целосно затворен систем кој под дејство на топлина го разложува органскиот отпад и го преработува технолошки во три гасни суспстанци, кои понатаму во фузирањето создаваат топлинска енергија која како топла вода ја врти турбината и од неа произвеудва електрична енергија. Останува најмногу седум проценти пепел целосно употреблив во градежништвото, рече Заев.