Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев за ТВ21 посочи дека работат на економските теми затоа што излезот од пандемијата е важен, но истовремено се посветени и на вториот круг од локалните избори.

„Посветени сме на вториот круг за да го подобриме резултатот, веруваме во тоа многу. Градот Скопје е симболот на победата, веруваме дека може да се направи пресврт во вториот круг“, додаде Заев.