Граничниот премин Клепало, кај Берово на македонско-бугарската граница, согласно Договорот за пријателство постигнат со Бугарија треба да биде во функција во 2020, но се надевам дека тоа ќе се случи во 2019 година, изјави премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Јагода Шахпаска од СДСМ, појасни дека на овој проект се очекува заокружување на изградбата на 30-км пат од бугарска страна, а досега се изградени 20-тина километри. Од македонска страна изградена е делницата од Берово до Клепало.

-Патот е од огромен интерес на нашите граѓани и за Берово но и се до Скопје. Изградбата на коридорот 8 е еден од приоритетите за Македонија. Изгрдабата на овој коридор не е само проширувањето на експерсниот пат од Куманово до бугарската граница, железничката пруга, туку и Скопје -Миладиновци – Штип, Штип – Кочани, Кочани – Берово, од Берово до бугарска граница. Затоа што со самиот развој очекуваме економски перпсективи за целиот регион да се отвори како пупка, оти каде има транзитирање на возила донесува и живот, заживување. Но и Бугарија има интерес, особено економски, оти таа трансферзалата со автопатот со кој Софија се поврзува со Благоевград и Куклата, го отвора како пупка целиот регион и од бугарска и од наша страна. Но нивниот интерес е исто така голем заради зимскиот туризам и не случајно овој проект е ставен во припоритетите проекти, рече Заев.

Избран е веќе изведувач со подизведувачите така што до летото 2019, рече, очекува да биде завршен, а ако тоа се случи и од бугарска страна есента, да биде пуштен во употреба пред утврдениот рок.