Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва објави дека го ажурирал своето членство во партијата во пресрет на изборот за партиски лидер на директни внатрепартиски избори, на 21 март, што е, вели, водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија.
-Денеска го ажурирав моето членство во #СДСМ преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација. Овие денови волонтери и активисти на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија ширум целата земја ќе пристапат до секој член, офлајн или онлајн, со цел ажурирање на членството на партијата. На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, што е водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија, пишува на фејсбук Заев.
СДСМ е, додава тој, прва партија каде секој член има право да го избира својот претседател на директни извори.