Зоран Заев испрати честитка до Џо Бајден за изборот за нов претседател на САД.

Во честитката Заев изразува уверување дека ќе продолжи развивањето добри односи меѓу Македонија и САД

Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла! – порача Заев.