Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, објави денеска премиерот Заев на Фејсбук.
– Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста, наведува Заев во објавата.
Премиерот истакнува дека за поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан и очекува дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.
– Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.