На трибината на СДСМ во Тетово, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред присутните рече дека полноправното членство во НАТО нуди перспективи на сите полиња, од економија, демократија и еднаквост до безбедност.
Нашата земја стана членка на НАТО, стана членка на НАТО почитувани татковци и мајки, дали сте мајки албанки или македонки или турчинки со НАТО нема повеќе војна, со НАТО нема да се грижите повеќе вашите деца дали ќе гинат, со НАТО има инвестиции, со НАТО има демократија, со НАТО има еднаквост, со НАТО има перспективи.
Затоа НАТО е првата наша стратешка цел и на на македонците, и на албанците, и на турците, и на србите, и на власите, и бошнаците, и на ромите, и на сите, и успеавме, и затоа нема веќе партии да доаѓаат пред изборите по сто пати, по илјада пати, по милион пати да ви ветуваат НАТО И ЕУ, завршена работа е НАТО и датум за почеток со ЕУ, успеавме заедно, рече Заев пред присутните.