Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во синоќешното Отворено студио на МРТ, во врска со забелешките дека администрацијата е преобемна, рече дека од човечки аспект, никој не е подготвен, ниту сака да ги отпушти луѓето без претходно да им обезбеди иднина. Во однос, пак, на вработувањето деца на функционери не смее да има забелешки ако постапката е регуларна.
-И ним треба да им се овозможи еднаква можност некаде да конкрурираат и да се вработат, но процесот и целата постапка мора да бидат транспарентни, јавноста да знае дека ги исполнуваат потребните критериуми и се соодветното работно место. Не смее, дополни, тие да бидат третирани како да се од „втор ред“, рече Заев.
Тој посочи дека Република Македонија нема надворешни кочници за да почне преговори со ЕУ и оти останува на државата да ги заврши неопходните реформи.
ЕУ треба да расчисти дека земјава нема интенција да стане членка во јуни или во јули, туку дека сака да ги почне преговорите. Тоа ќе биде дополнителна мотивација и стимул да работиме уште повеќе, похрабро, подобро и поуспешно, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ.
Според него, ако ЕУ не испорача датум за почеток на преговорите, ќе ги демотивира и другите земји, а може да поттикне и повторно враќање на националистичките структури што навистина не ни е потребно. Европа има одговорност, треба да се постави сериозно кон оние што исто така постапиле,
Заев, заедно со министрите за труд и социјална политика, за здравство и за информатичко општество и администрација, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, зборуваше за владините политики во овие сфери. Изрази задоволство од сработеното досега, најавувајќи уште поинтензивни реформи.
-На вистинскиот пат сме. Немаме надворешни проблеми и кочници, голем дел од работите зависат од нас, посебно од институциите во и надвор од извршната власт. Овој период е драгоцен и не треба да го испуштиме. Во вакви околности, на резултатите што ги постигнавме, треба да сме дополнително мотивирани да поитаме кон реализирање на целта – модерно општество со одговорно судство и администрација, добри плати и висок стандард, потенцира Заев.