-Со српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе започнеме уште една соработка во сферата на дигиталните сервиси и веб страниците на владата, изјавил Заев во разговор за утрешна „Политика“.
Според него, Србија и Северна Македонија имаат исти цели, меѓу кои, како што рекол, најважни се постигнување и вкоренување на европските вредности, што, според него, само ќе се интензивира во наредниот период.
Коментирајќи ги сомневањата дека западните лидери не ги исполниле своите ветувања кога е во прашање европската перспектива на земјава, Заев вели дека во Извештајот на ЕК за годинава Северна Македонија е „блескав пример“ и оти посебно е назначено дека Договорот од Преспа преставува пример за решавање на споровите во регионот, но и пошироко.
Премиерот Заев смета дека демократската меѓународна јавност е подеднакво свесна за потребата од „задржување на фокусот на проширувања кај сите земји од Западен Балкан“.
-Обврска на сите држави кои се дел од ЕУ и оние кои имаат аспирации за влез, е да се трудат со заеднички сили да го поддржат процесот на интеграција на целиот регион и дека тоа единствоно може да донесе и да одржи мир, стабилност и подобра перспектива за сите, вели Заев во разговорот за „Политика“.
МИА