Во изминатите три години се отворени или проширени 63 објекти на градинки, во последните три месеци се отворени шест нови, а до крајот на годината ќе се отворат уште пет градинки.
-Обезбедуваме квалитетни услови за правилен детски развој. Градиме и реновираме градинки низ целата држава и вложуваме во вештините на кадарот, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил.
Тој потсети дека за 3 години се отворени и проширени 63 објекти, во кој се згрижени 3.386 деца. Во последните три месеци, пишува Заев, отворени се шест нови градинки во Гостивар, Сарај, Илинден, Лозово, Брвеница и во Ресен, со што е зголемен опфатот за 415 места за згрижување деца, а крајот на годината, како што најавува ќе бидат отворени и градинките во Куманово, Боговиње, Босилово и село Прдејци – Гевгелија, со што ќе се зголеми капацитетот за уште 189 деца.