Компанијата „Конти хидропласт“ од Гевгелија денеска го пушти во употреба новиот погон за производство на цевки за гасоводни и водоводни системи. Вкупната инвестиција за период од пет години изнесува 315 милиони денари од кои 10 проценти се поддршка од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Компанијата, како што беше посочено на свеченоста, го задржала истиот број на вработени и во време на криза, а има потреба и од дополнителен стручен кадар.
– Задоволство е да се види кога компаниите и во криза гледаат можност да инвестираат, вработуваат и освојуваат нови пазари. „Конти хидропласт“ го задржа истиот број на вработени – 185 лица, а дополнително постои потреба за нови вработувања, секако и од стручна квалификувана работна сила. Во таа насока, Владата го поддржува и процесот на дуално образование и креирање на кадар кој соодвествува на реалните потреби на компаниите. Создаваме клима за подобар деловен амбиент, олеснување на царинските процедури, намалување на парафискалните давачки, владеење на правото за сигурност на инвестиците, како и почитување на начелата на пазарната економија, истакна премиерот Зоран Заев при денешната посета на компанијата.
Посочи дека годинава Владата преку директните капитани инвестиции отвара можност на преку 150 милиони евра развојни компоненти со производи од ваквото производство.
– Гасификацијата стартува со 54 милиони евра на интерконекторот кој продолжува низ Гевгелија. Веруваме дека напроелт ќе стартуваат изградибите на секундарните и терцијалните гасоводни мрежи во сите поголеми градови. ТАВ програмата е 50 милиони евра каде преку 80 проценти се за водоводи и канализации. Во разговори сме и со Европската инвестициона банка за нови 100 милиони евра кредитни линии за водоводи, канализации и пречистителни станици, рече Заев.
Според генералниот директор на компанијата Борис Манџунков, законот за финансиска поддршка на инвестициите е од големо значење за домашните производствени индустрии и во голема мера стимулира одржлив раст и развој на компаниите.