До локалните избори во мај годинава, со Градот Загреб ќе управува Јелена Павичиќ Вукичевиќ (46), заменичка на градоначалникот Милан Бандиќ, кој почина рано утрово од срцев удар.
Партијата на трудот и солидарноста на Бандиќ потврди дека Павичиќ Вукичевиќ, долгогодишен соработник на Бандиќ, една од двете заменички на градоначалникот, ќе го преземе управувањето со Градот Загреб до изборите.
Кога Бандиќ првпат беше избран за градоначалник во 2000 година, Јелена Павичиќ Вукичевиќ беше секретар на градската организација на СДП во Загреб и член на Градското собрание на Загреб. Три години подоцна, таа стана член на Парламентот, во 2008 година секретар на Градскиот секретаријат за образование, култура и спорт и од 2009 до 2013 година првпат заменик-градоначалник.
По вторпат е избрана за заменик градоначалник во 2017 година на непосредни локални избори.
Јелена Павичиќ Вукишевиќ е исто така потпретседател на Партијата за труд и солидарност.