Невремето од Словенија пристигна во Хрватска. Поради најавеното невреме со грмотевици, вклучен е портокалов аларм за Загреб, Карловац и Сплит, додека црвен аларм е во сила за регионите Госпиќ и Риека поради обилните врнежи од дожд.
Поради обилните врнежи во Загреб реката Сава се излеа од коритото, јавува N1.
Според хидролошките наводи и досегашната прогноза за нови обилни врнежи, нагло покачување на водостоите се очекува и во помалите притоки на горните делови на басенот Драва и Сава, каде што е можно да се воспостават и вонредни мерки за одбрана од поплави.
Исто така, во текот на денешниот ден се прогнозираат обилни врнежи од дожд на подрачјето на северниот дел на Јадранот, Горски котар, Лика, централна и северозападна Хрватска, а доцна попладне и во текот на ноќта во подрачјето на централниот и јужниот дел на Јадранот може да предизвикаат поројни и урбани поплави.