Загреб од септември ќе биде поврзан со Сеул со директна авиолинија на која ќе летаат авиони на „Кореан ер“, најголемиот авиопревозник од Јужна Кореја, соопштија денеска од Меѓународниот аеродром Загреб, концесионер на аеродромот „Фрањо Туѓман“.

„Кореан ер“ со директни летови ќе ги поврзува Загреб и Сеул три пати неделно до крајот на летниот ред на летање, а во зимскиот линијата на враќање ќе оди преку Цирих (Сеул – Загреб- Цирих – Сеул).

Во септември и октомври „Кореан ер“ на оваа линија ќе лета со авиони „Ербас 330“, а во зимскиот ред на летање со авиони „Боинг 787“.