Министрите за надворешни работи на САД, Австралија, Индија и Јапонија утре ќе одржат состанок во Токио за влијанието на Кина, поради кое се загрижени.

Учество на министрите за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, Австралија, Мариз Пејн, Индија, Субрахмањама Јаишанкара и Јапонецот Тошимицу Мотеги се очекува на состанокот на таканаречената група „Квад“ (Quadrilateral Security Dialogue), прв за време на пандемијата на коронавирусот.

Јапонските властисоопштија дека на средбата ќе се дискутира за последиците од пандемијата, иницијативата „Слободен и отворен индо-пацифички регион“ (ФОИП), заедно со соработката во безбедноста и економијата, поради загриженоста за растечкото влијание на Кина.

На пат кон Токио, Помпео рече дека очекува „значајни достигнувања“ на состанокот.