Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека официјален Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници.

– Руското Министерство за одбрана предложи оваа година да се разменат 935 украински воени заробеници, но официјален Киев се согласи на размена на само 279 лица – рече Захарова на онлајн брифинг со новинарите.

Според неа, „Русија редовно повикува на враќање на практичниот дијалог и зголемување на обемот на размена на затвореници без скриени политички цели, но за официјален Киев овој процес е политички и украинската страна го гледа како медиумски инструмент за остварување на своите интереси“.