„Растечката хистерија на Западот пред пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 е последица на фактот дека тие не знаат како да се натпреваруваат фер“. Ова го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
“Колку помалку време останува до пуштање во употреба на гасоводот Северен тек 2, толку е поголема медиумската и политичката хистерија во одредени региони на западната хемисфера. Тука не зборуваме за Украина и нејзините енергетски фантазии, бидејќи хистеријата таму е константа. Станува збор за оние кои порано можеа самостојно да ги проценат предизвиците и опасностите“, напиша Захарова на Телеграм.
Таа наведе неколку примери на такви изјави: неодамна, поранешниот полски премиер Јержи Бузек рече дека Европа има „последна шанса“ да го запре Северен тек 2, британскиот премиер Борис Џонсон преку својот портпарол рече дека Русија намерно ги намалила испораките на гас за ЕУ да ја принуди Европската унија да одобри изградба на гасоводот Северен тек 2 …
“Сето ова е чудна и, да признаеме, донекаде несоодветна манифестација на она што се нарекува непазарни елементи на борбата на конкуренцијата. Тие не само што и штетат на економијата, туку се и сомнителни од морална и етичка гледна точка. Чесните бизнисмени не се однесуваат така. Северниот тек 2 е гарант за енергетската безбедност на Европа и фактор на инфраструктурна стабилност “, истакна Захарова.
Таа исто така додаде дека „е добро што, и покрај прилично силниот притисок однадвор, се чини дека во Германија тоа го разбираат“.
Да потсетиме дека компанијата „Северен тек АГ“ на 4 октомври започна со полнење со гас на првата крак од гасоводот „Северен тек 2“.