Одговорот на Москва на нападите на западните ракети со долг дострел длабоко на руска територија ќе биде адекватен и опиплив, предупреди денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова и нагласи дека тоа ќе значи директно учество на Соединетите Американски Држави на Америка и „нејзините сателити“ во конфликтот против Русија.

„Ако Киев користи ракети со долг дострел за напади на нашата територија, тоа ќе значи директно учество на САД и нивните сателити во борбените операции против Русија, како и радикална промена на суштината и природата на конфликтот. Во овој случај одговорот на Русија ќе биде адекватен и опиплив“, рече Захарова во изјавата објавена на веб-страницата на Министерството.

Таа посочи дека се уште не е јасно дали информациите дека американската администрација ја овластила Украина да користи западни ракети со долг дострел се „засновани на официјални извори“.