Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секоја нивна потерница е ништовна.
„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“, напиша Захарова на Телеграм.
Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.
„Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни“, додаде таа, пренесува ТАСС.