Русија денеска соопшти дека нејзините односи со Западот се блиску до „точка од која нема враќање“ откако неколку земји воведоа сеопфатни санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, пишува АФП.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, вечерва на руска телевизија изјави дека односите со Западот „ја достигнаа границата по која почнува точката од која нема враќање“.