aРусија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Германија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Ќе одговориме и на овој злобен чин на германската политичка машинерија“, рече Захарова.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“.
Германија протера „значителен број“ руски дипломати, што шефицата на германската дипломатија го нарече одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спроведе во Украина.
Овој потег на Германија следува по преземените слични чекори на европските партнери во изминатите денови како одговор на руската инвазија врз Украина.