Русија мора да ја брани својата независност и нема време да чека Западот да ја разбуди својата совест, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува Танјуг.
„Немаме време да чекаме. Ќе се вразумат ли, ќе им се разбуди совеста? Каква совест можат да имаат оние кои прецизно снабдуваат оружје со кое се убиваат деца?“, рече Захарова.
Таа напомена дека тоа се историски проблеми на Западот со кои Западот ќе мора да живее и да плати, а дека Русија си има свој пат, пренесува РИА Новости.