Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска предупреди дека „во секој момент е можна уште една незаконска американска инвазија“ на Венецуела.
Пред неколку дена беше објавено дека американски безбедносни сили ќе бидат распоредени во Колумбија за да им помогнат на колумбиските сили.
– Зборуваме за неколку стотици таканаречени воени советници. Тоа се луѓе кои биле ангажирани во Авганистан и ова е првпат да се испраќаат такви специјални сили во Латинска Америка. Ретко кој може да верува дека тие ќе им помагаат, затоа што фактот дека тие се распоредени во близина на границата со Венецуела, укажува на заклучок дека може да се случи уште една нелегална инвазија на таа земја во секој момент, оцени Захарова.