Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска го нарече фантазија италијанскиот мировен план за Украина, кој минатата недела го претстави шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо.
„Не можете со едната рака да ја снабдувате Украина со оружје, а со другата да правите планови за мирно решение на ситуацијата“, рече Захарова на неделниот брифинг, пренесува „Ројтерс“.
Мировниот план на Италија вклучува прекин на огнот, неутралност на Украина со меѓународни гаранции и процес на пристапување во ЕУ.