Портаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, иронично реагираше на одлуката на американската комапнија Кока кола да го прекине своето производство и пласман на производите во Русија.
– Кока кола објави дека повеќе нема да произведува и продава пијалоци од брендот во Русија. Господи, со што сега ќе ја миеме ‘рѓата?!- иронично коментира Захарова на Телеграм.
Компанијата Кока кола во Русија има 10 фабрики. Од централата во САД објавија прекин уште на почетокот на март годинава поради руската интервенција во Украина, но производството на пијалоци продолжи.
Вчера, дистрибутерот на компанијата за Русија и официјално го најави прекинот.