Бугарската фондација Македонија која е поддржана од државни структури во Софија се заканува дека Република Македонија нема да стане членка на ЕУ додека го слави 11 Октомври како официјален празник!

Фондацијата, како што пренесе Експрес, која е поддржана од моќни фигури во Софија најавува дека мешовитата историска комисија ќе ја укине на прославата на 11 Октомври кога во Прилеп и Куманово беа нападнати бугарските полициски станици.

– Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода…, објавува фондацијата која е експонент на бугарската официјална политика во Македонија.

Натаму се додава:

– На фотографијата е зградата на бугарската полиција во Прилеп, која денешните власти внимателно ја одржуваат за да влеат омраза кон се што е бугарско кај децата од Северна Македонија. И ќе ставиме крај на ова, објавува фондацијата која и покрај антимакеиснките активности слободно работи на територија на Македонија без реакција од власта предводена од СДСМ и ДУИ.