Алармантни 40 проценти на вакцинирани со МРП во Куманово. Во град со 100 илјади жители има најмал опфат на вакцинација против морбили во земјата, а со тоа и опасност од појава на епидемија.

Кумановчани немаат отпор само кон оваа вакцина бидејќи под 50 проценти е и имунизацијата со Ди те пер. За да не се повторни 2019 кога имаше и смртни случаи од мали сипаници, неопходна е доверба во безбедноста на процесот.

-Во моментот кога ќе се намали бројот на вакцинирани, кога ќе се намали опфатот со вакцинација, ризикот од појава на морбили е исклучително висок, посебно во општини како што го споменавте Куманово, каде има релативно голема популација а малку вакцинирани, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

-Треба да се најдат најдобрите примери, како што е Кочани каде опфатот е над 95 проценти и тие искуства да се пренесат во места каде има мал опфат. Да се промени и налинот на комуникација на здравствени работници со населението, вели д-р Злате Мехмедовиќ, претседател на Комисија за заразни болести.