Францускиот претседател Емануел Макрон се закани на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе ја затвори границата со Велика Британија доколку не преземе подрастични мерки за запирање на ширењето на епидемијата на коронавирус, јави денеска Либерасион.
Џонсон синоќа наложи затворање барови, ресторани, театри, кина и фитнес центри со цал да го забави ширењето на коронавирусот.
Повикувајќи се на извори од кабинетот на францускиот претседател, Либерасион посочува дека одлуката на Џонсон следувала откако вчера макрон му дал ултиматум дека во спротивно нема да дозволи влез на британски државјани во Франција.