Манекенката , која ја глумеше првата дама на САД во спотот на раперот ТиАј , се соочува со сериозни закани по живот.

Спотот на раперот , што ја разгневи Белата куќа, има продолжение. Манекенаката Мелани Марден , која во спотот ја глуми Меланија Трамп и танцува во Овалната соба додека претседателот е на пат , со денови добива заканувачки пораки .

Канаѓанката вели дека непознати лица и пишуваат дека треба да ја покосат со автомобил или да ја претепаат со безбол палки. Таа гола танцуваше во спотот на раперот , за што вели дека си ја вршела работата за која била платена .

 

„Добив прилика да ја глумам сопругата на Доналд Трамп , гола , и прифатив . Тоа е се.” , изјави Мелани. Манекенката додава и дека Меланија нема причина да се лути , зашто не мислела ништо лошо со нејзиниот настап.