Пратки со заканувачки писма и прав, за кој се претпоставува дека е калиум цијанид, се испратени на адреси на 18 јапонски компании, вклучувајќи и весници и производители на лекови, објавија локалните медиуми. Имињата на испраќачите на пликоата се на водачите на култот „Суден ден“ или „Аум Шинрикио“.
Јапонските власти во 2018 година го погубија поранешниот водач на култот „Суден ден“ и 12 членови на групата, кои извршија напад со смртоносен гас сарин во метрото во Токио во 1995 година, при што беа убиени 13 лица и беше уништен митот за безбедноста на земјата.
Во писмото испратено на адреса на уредништвото на весникот „Асахи“ е наведено дека ќе бидат дистрибуирани лекови во кои ќе има многу отровен калиум цијанид, ако не се исплатат 35 милиони јужнокорејски вони (31.000 американски долари) во биткоини, наведува весникот. Не е споменато на кого треба да му бидат исплатени парите.
Слични пратки се испратени минатата недела и до уредништвото на весникот „Маиничи“, до фармацевтски компании во Токио и Осака, како и до прехранбена компанија во градот Сапора.
Според телевизијата НХК, полицијата открила дека во некои пратки има калиум цијанид.