Како што веќе објвивме, нови дојави за бомби утринава повторно испразнија 7 скопски средни училишта. Заканувачот во пораката барал откуп од 15 илјади евра. Во спротивно ќе експлодираат бомби кои нема да направат штета, ама ќе има многу жртви, стои во меилот. Притоа не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја изврши исплатата. Ваква закана добиле „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“, „Михајло Пупин“ и „Арсениј Јовков“. Веднаш по пријавите, учениците беа евакуирани, а полицијата со антитерористички проверки утврди дека сите дојави се лажни.
Министерот за внатрешни, пак, очекува разрешница за брзо време иако ова е осма лажна закана, а истрагата тапка во место.
„Институциите се максимално посветени во овој дел и јас очекувам скоро, велам многу скоро, за многу кратко време да имаме реализација за откривање на еден од сторителите“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи
Она што засега е познато е дека заканувачките пораки се испраќани од идентични имеил адреси од странство.