Реакцијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по атентатот беше „жестока“ и инспиративна и затоа многу луѓе го сакаат, изјави Марк Закерберг.
Тој ја опиша реакцијата на Трамп со зборот „badass“, кој често се користи за да се опише некој кој е тврд, бестрашен и бунтовен.
„Доналд Трамп кој се подигнува откако беше застрелан и ја крева тупаницата во воздух, со американското знаме во позадина, е една од најнасилните работи што сум ги видел во животот“, рече Закерберг.
Според него, многу Американци се емотивно погодени од таквиот дух и борба, што е причината поради која на многумина им се допаѓа Трамп, пренесува Блумберг.
Закерберг одби да го поддржи Доналд Трамп или неговиот веројатен противкандидат на актуелниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во САД во ноември, велејќи дека не планира да се вклучи на кој било начин.
Њујоршката агенција, сепак, наведува дека се повеќе лидери на технолошкиот сектор во Силиконската долина, како Илон Маск и инвеститорите Андрисен и Хоровиц, покажуваат симпатии кон Трамп, а некои ветуваат донации за неговата кампања.