Петте нови членови на Судскиот совет на Република Македонија денеска дадоа свечена изјава пред собранискиот спикер Талат Џафери.
Нови ченови на Судскиот совет се Киро Здравев, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји.
Судијката од Основниот суд Скопје 1, Гордана Спиревска во изјава за медиумите посочи дека како член на Судскиот совет ќе биде отпорна на политички влијанија.
-Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија, изјави Спиревска и додаде дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски ќе бидат клучен критериум при изборот и унапредувањето на судиите.