Шеста недела по ред, Велика Брутанија забележува смртност повисока од просечната, но не поради „Ковид-19“, туку поради други болести, поради што експертите цитирани од „Дејли телеграф“ предупредуваат дека застојот во давање здравствени услуги што траеше повеќе од една година, сега доаѓа по своето.
Во неделата што завршуви на 13 август, во Англија и Велс се регистрирани 10.372 смртни случаи, според Канцеларијата за национална статистика, што е за 1.270 случаи или 14 проценти, повеќе од просекот од во текот на пет години. Од гореспоменатите 1.270 „вишок“ смртни случаи, 544 може да се припишат на Ковид, додека останатите се од други болести и причини.
Одделни податоци од Англискиот систем за јавно здравје (PHE) сугерираат дека има значително зголемување на срцевите заболувања, дијабетес и цироза, а експертите велат дека состојбите кои не биле соодветно третирани во изминатата година или така – поради одложени или откажани операции или отсуства на пациенти – почнуваат да резултираат со смрт.
Професорот Карл Хенеган, директор на Центарот за медицина базирана на докази на Универзитетот Оксфорд, рече дека британските власти треба да бидат загрижени за долгорочното зголемување на смртноста и дека треба да започнат истрага за причините за толку висока смртност кај луѓе без Ковид.
„Мислам дека сега ги разгледуваме последиците од сите одложувања и нарушувања во превенцијата“, рече тој.
Професорот Кевин мек Конвеј, експерт за применета статистика на Отворениот универзитет, вели дека е невозможно целиот вишок на смртност да се припише на Ковид.
– Во последната недела за која имаме податоци, имаше 1.270 смртни случаи повеќе од просекот, а истата недела вкупно 544 луѓе починаа од Ковид, рекол Мек Конвеј, додавајќи дека во некои претходни недели дел од вишокот може да се припише на топлината што беше во средината на јули во делови од Британија, но предупредува дека после тоа веќе не беше премногу жешко.
Статистичарот на ЈЗУ Клер Грифитс ги коментираше овие податоци на социјалната мрежа.
„Кога циркулира вирусот на грип, можете да видите повисока смртност од кардиоваскуларни болести, можеби истото е и со Ковид“, напиша таа. Новинската агенција ПА, како и истражувањето на Кралскиот фонд, исто така, покажаа значително зголемување на бројот на смртни случаи во приватни куќи и станови од почетокот на пандемијата.