Во Собранието на Црна Гора пристигна владин предлог-закон за измена и дополнување на Законот за државни симболи и Денот на државноста на Црна Гора, со што меѓу останатото се предивдува казна и до 2.000 евра за оние кои знамето на Црна Гора ќе го употребуваат како престирка или завеса.
Предлог-законот предвидува, со парична казна од 1.000 до 20.000 евра да бидат казнети правни лицa ако грбот и знамето на државата ги користат на начин со кој се нарушува јавниот морал, угледот и достоинството на Црна Гора, како и доколку на грбот и знамето се извршат интервенции со кoи се бришат, додаваат или менуваат некои детали.
Имено, исто така, забрането е грбот и знамето да се користат како трговски или услужен жиг, мостра или модел, или како било кој друг знак за обележување на стоки и услуги.
Се наведува дека, знамето не смее да биде поставено така што ќе го допира подот.