Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечено, дали е од политички причини или не.. Имаше нова влада, сепак новата влада треба да го брани законот во Собрание. И се разбира треба уште еднаш да се потврди, а имаше и дополнително усогласување, рече Османи во интервју во Студио 10 на ТВ 24.
Во однос на критиките во судството и борбата против корупцијата, последната упатена од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој минатиот месец имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата, Османи оцени дека некогаш ппогрешно се инерпретираат границите меѓу судството и владата, така што, рече, критиките врз судството се интерпетртиаат како слабост а вчадата
-Или бараме независно судство, или не бараме. Ако бараме независно судство, тогаш конфликтите таму, и проблемите внатре, не ни ги префрлувајте на нас ниту како вина, затоа што, нели не треба да се мешаме. Имаме една разлика со холандскиот амбасадор. Јас велам, дајте да ги отвориме поглавјата 23 и 24 за владеење на право. Не можеме сами ние да го реформираме. Тој вели, не можеме да ги отвориме поглавјата, но вие терајте европско судство. Тоа не може, да можевме, немаше да направиме толку компромиси за да го отвориме европскиот пат…, кажа Османи.