Новиот предлог за задолжителното пензионирање на мажи на 64 години, односно на жени со 62 години, ќе се однесува само за јавниот сектор, но не и за приватниот, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
– Тоа е закон што ги обединува сите вработени во јавниот сектор. Меѓутоа ќе остава и можност за исклучук во реалниот сектор, ако постои взаемен интерес меѓу работникот и работодавачот за продолжување на работниот век, истакна Шахпаска.
Министерката, меѓу другото, најави дека законските измени за пензионирање влегуваат во процедура и работниците кои наполниле 64, односно 62 години, според предлогот, задолжително ќе одат во пензија. Шахпаска рече дека ова нема да се однесува на здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.
Дали тоа не значи дискриминација, кога еден закон важи за државниот, но не и приватниот сектор?