Вториот човек во командата на либанскиот Хезболах, шеикот Наим Касем, изјави дека израелските убиства на цивили во Појасот Газа создаваат ризик од поголема војна на Блискиот Исток.
Касем за Би-Би-Си изјави дека „може да се случат многу опасни и сериозни случувања во регионот“ и дека никој нема да може да ги спречи последиците.
Заменик-лидерот на Хезболах разговараше со претставници на британскиот јавен сервис во Бејрут, во време кога Министерството за здравство од Газа објави дека во израелските напади загинале повеќе од 10.000 луѓе.