Според него, сето ова ќе доведе до влошување на регионалната безбедност, значително ќе се искомплицира ситуацијата воопошто на северот, ќе се ограничи можноста за мирна соработка која сега е толку барана во овој дел од Европа и воопшто во овој дел од светот.
-А тоа најсериозно ќе ја влоши воената соработка во регионот на Балтичко Море, која, како резултат на ширењето на НАТО, на военото искористување на територијата на новите членки, ќе се претвори во сцена, ако не на воена конфронтација, тогаш во целосно непотребно воено ривалство од воено најмирниот регион во Европа, рече заменик шефот на руската дипломатија, Александар Грушко.