Легендарниот фудбалер на белградска Црвена звезда Драгослав Шекуларац, кој е роден во Штип, почина на 5 јануари 2019 година во Белград каде што е погребан на 10 јануари.
Популарниот Шеки беше еден од најдобрите дриблери во историјата на бившојугословенскиот фудбал. Играше во средниот ред.
Тој беше стандарден член на фудбалската репрезентација на бивша СФРЈ и во тоа време негов најдобар поединец.
Шеки одиграл 41 натпревар и постигна шест голови за репрезентацијата на Југославија. После инцидент во игра што го доведе до две години казна, неговата кариера заврши ненадејно.
Тој беше чест гостин во Македонија, а во родниот Штип има негова спомен-биста.